Пејачката Џенифер Лопез ова лето има вистинска причина да се радува на годишниот одмор, бидејќи се почасти со спектакуларна вила во луксузната област Хамптонс.
За овој прекрасен дом Џени издвои дури 10 милиони долари, а освен импресивната квадратура, земјиштето располага со сите раскоши и погодности во кои богатите со префинет вкус сакаат да уживаат.
Самата куќа има околу 800 квадрати, а е опкружена со прекрасно уреден и простран двор, како и огромен базен.