Џими Хендрикс бил убиен?

Повеќе... Рок Легендата Џими Хендрикс бил убиен од неговиот менаџер заради осигурувањето, тврди новата книга на еден од соработниците на Хендрикс. Хендрикс се сметаше дека се задавил во сопствената повраќаница на 27-годишна возраст, но околностите при кои настапила смртта отсекогаш биле мистерија. Сега еден од неговите соработници тврди дека менаџерот на Хендрикс во една прилика признал дека тој го убил.


Рок Легендата Џими Хендрикс бил убиен од неговиот менаџер заради осигурувањето, тврди новата книга на еден од соработниците на Хендрикс. Хендрикс се сметаше дека се задавил во сопствената повраќаница на 27-годишна возраст, но околностите при кои настапила смртта отсекогаш биле мистерија.

v136343p0.jpg

Сега, Џејмс Тепи Рајт, еден од неговите соработници, тврди дека менаџерот на Хендрикс, Мајкл Џефри, во една прилика признал дека тој го убил. Џефри, се вели во книгата, под дејство на алкохол му го признал убиството една година откако тоа се случило во септември 1970.

„Морав, како не разбираш… Знаеш за што зборувам. Сакаше да ме отпушти, би останал без покрив над главата. Повеќе ми вредеше мртов отколку жив“ – наводно ова било признанието на Џефри околу смртта која настанала откако тој го онесвестил Хендрикс и го принудил да проголта пилули после што го налил со вино.

Michael Jeffery
Менаџерот со својата сопруга – актерката Џилијан Френч

„Тој ми призна и извади полиса за осигурување на име на Хендрикс, во кој самиот себеси се именува како добитник (на два милиони долари)“, пишува Рајт.

За волја на вистината, на Рајт му оди во прилог фактот што сите актери во приказната, освен него, се мртви уште од седумдесетите години на минатиот век, па не можат да се одбранат од неговите обвинувања. Мајкл Џефри загина во авионска несреќа во 1973. Бившиот „роуди“ во книгата опишува и многу други рокенрол пикантерии, како што е соработката со Тина Тарнер и Елвис Присли. [Jimmy Hendrix ‘was murdered’ by his manager, claims roadie]

- Реклама -