Актерот Џим Кери во последно време не се чувствува добро.
Пријателите на познатиот актер, кој сме навикнати да го гледаме во комедии, се загрижени за него. Се зборува дека тој е на работ на нервен слом поради кариерата и љубовниот живот.
„Џим страда од тешка депресија. Се однесува како брод без радар и ништо не го интересира“, пишуваат американските медиуми.
Освен што не му оди во кариерата, тој има и љубовни проблеми и не може да ја преболи поранешната Џени МекКартни.
„Џим мислеше дека тоа што го имаат со Џени ќе трае засекогаш. Се поврза со нејзиниот син Еван, а сакаше да има и деца со неа, но не успеаа. Тој навистина бара љубов. Поминува низ тежок период“, велат неговите пријатели.