Џиновски велосипед на Tour de France (видео)

велосипедГрупа француски фармери создале џиновски анимиран велосипед за да ја прослават третата етапа од Tour de France 2011 која минувала крај нивните полиња. Рамката на велосипедот била направена од внимателно поставени бали сено, но тркалата и запчаниците се делот каде што фармерите ја покажале својата уметничка страна.

Секое од тркалата било составено од 12 трактори кои возеле во формација за да изгледа како тркалата да вртат, а сличен трик, но со помали возила, бил употребен и за запчаниците. Под велосипедот била напишана порака во која фармерите велат дека се горди што го хранат народот на Франција.

{youtube}XCXqyrZcUWQ{/youtube}

- Реклама -