После првото породување Џесика Симпсон се појави на насловната страна на магазинот „ОК“ со бебе за кое се тврдеше дека е нејзиното. Сепак, таа позирала со бебето на еден нејзин обожавател, а подоцна ја продала истата фотографија тврдејќи дека на неа е нејзината ќерка Максвел.
Човекот од Лузијана, Кристофер Хртс, чие дете Џесика го подметнала во магазинот како свое, одлучил да ја тужи. Неа, магазинот и агенцијата која ја продала фотографијата.
Хртс тврди дека отишол со неговата ќерка тинејџерка и малото бебе на една промоција на која била и Џесика. Во еден момент се појавил фотограф од никаде и започнал да слика. Неколку месеци подоцна, кога пејачката се породила, човекот го препознал неговото бебе на насловните страници.
Хртс ја тужи пејачката и ѕвезда на реално шоу за завера, бидејќи таа од тие фотографии добила 800.000 долари. За истите тој бара 75.000 оштета.