Иако до неодамна никој не ни знаеше дека таа е мажена жена, бидејќи се венчаше во тајност, пејачката и актерка Џенет Џексон најави дека заради бракот во потполност ќе се повлече од јавниот живот.
Џенет во февруари во тајност се омажи за 37-годишниот милијардер, а холивудскиот живот набрзо го замени со мирен и семеен на луксузниот имот на новиот сопруг на блискиот исток.
Сестрата на покојниот крал на попот во девеесетите години беше на самиот врв на музичката и филмска кариера. Издаде десет студиски албуми од кои само четири не завршија на првото место на американските листи на албуми.