Раперот и продуцент Џеј Зи е заслужен за светската популарност на Ријана.
Токму тој ја откри убавицата од Барбадос и откако почна да прави музика за неа, Рири стана една од најславните женски изведувачи во светот на музиката.
Во интервју за радиото Hot97, водителката го прашала како го коментира непримерното однесување на пејачката во последно време.
„Не е мое да зборувам за тоа, ниту ќе се мешам. Не можам да контролирам што ќе се случи со нејзиниот живот. Нема да се мешам. Со задоволство ѝ давам совети кога ќе побара и тоа е тоа. Можам да ѝ дадам некои информации ако ја интересираат, но животот ги игра сите карти, животот ќе одреди што ќе биде со неа“, рекол менторот на Ријана.
Однесувањето на Ријана во последно време е надвор од контрола. Таа доцни по повеќе часови на нејзините концерти, а кога пристигнува на сцената таа е или пијана или издрогирана. На последниот концерт во Монако публиката ја чекаше три часа. Пред тоа Рири беше на концерт на Kings of Leon во Полска од каде што обезбедувањето ја изнесе во пијана состојба.