Џеј Лено не можеше да ги тргне очите од деколтето на Хали Бери

По повод гостувањето во емисијата на Џеј Лено (62), Хали Бери (46) облече заводлив фустан кој и покрај тоа што беше кус, успеа да ги стави нејзините гради во прв план. Иако Лено се трудеше да ја гледа во очите, сепак, погледот во повеќе наврати му падна кон нејзиното впечатливо деколте.

Хали уште еднаш ја покажа нејзината беспрекорна линија, а нејзините гради изгледаа како во секој момент дека ќе излезат од фустанот. Дури ниту популарниот водител своите мисли за фустанот не ги сокриваше.

„Ми се допаѓа овој фустан, дури и повеќе од оној што го носеше на Оскарите“, изјави Џеј и ја насмеа публиката.

http://youtu.be/h4nQfERJ1Vs

- Реклама -