Богатството на Џастин Бибер се проценува на 100 милиони долари. И додека нивниот внук тинејџер патува по светот со приватен авион, Џорџ и Кети Бибер живеат во беда.
Џорџ Бибер, татко на татко му на Бибер, моментно спие на валкан душек во влажна двособна куќа во Канада.
Овој 61-годишник е многу болен да се качува по скали па спие во приземјето на куќата која е ладна откако дрво падна на неа и остави дупка на кровот.
Џорџ вели дека неговиот внук и тоа како е свесен за неговата состојба, но Џастин не прави ништо да му помогне.
„Тој можеби има 100 милиони, но ние не сме виделе ни пени. Тешко ни е да замислиме толку пари“, рекол Џорџ во интервју за „The Sun“. Неговата сопруга Кети работи во локална фабрика и едвај составува крај со крај.
Дедо му е тажен затоа што Џастин го ингорира и признава дека единствен подарок кој сака да го добие од него е телевизор.
Последен пат го видел внукот за Божик, но Џастин со години не бил во трошната куќа каде што го поминал детството.
„Кога слушам како се однесува се прашувам кој внимава на него, затоа што верувајте ми, тоа не е слаткото момче кое отсекогаш го познавав“.
Портпаролите на Џастин одбиле да дадат коментар, а извор близок на пејачот рекол дека станува збор за „рециклирана будалаштина“.