Двојникот на Обама заработува по 1,100 долари за појавување (фото)

Професорот Лари Грејвс толку многу наликува на американскиот претседател, Барак Обама, што дополнителна заработувачка си обезбедува како негов двојник на разни приредби и забави. Уште една работа им е заедничка – двајцата имаат полн распоред непосредно пред инаугурацијата.Грејвс, од Монтгомери Вилиџ, сфатил дека многу наликува на сенаторот од сојузната американска држава Илиноис за време на предизборната кампања во 2008 година. Испратил своја фотографија на компанијата за менаџмент “Cast of Thousands“ и оттогаш заработува многу повеќе од платата на наставник по ликовно.

Компанииите плаќаат и до 1,100 долари за гостување, а од инаугурацијата на Обама во 2008 година Грејвс во просек има две до три понуди неделно.

За своите настапи Грејвс се шминка, ги потемнува веѓите и устата, става вештачка бенка на носот и дури додава малку бела боја на косата. Тој нагласува дека не е имитатор, туку само двојник иако се труди да ги копира движењата и говорот на Обама.

Грејвс, за жал никогаш не се запознал со американскиот претседател,  но би сакал еден ден да го предизвика на кошаркарски натпревар.

- Реклама -