Дали знаете дека некои од вашите козметички производи имаат двојна намена?
Балзам за усни
Освен што вашите усни ги прави меки и ги штити од распукување, делотворен е и за смирување на црвенилото на кожата.
Парфем
Вашиот омилен парфем можете да го искористите и како освежувач за коса. У боца со вода додадете неколку капки од парфемот, добро промешајте и прснете на косата. Одлично решение после цел ден поминат во канцеларија или ноќ во задимена просторија.
Турпија за нокти
Турпијата за нокти ќе ви послужи и за отстранување на плускавците, односно на мртвата кожа. Таа мора да биде потполно сува, а движењата нежни.
Регенератор за коса
Регенераторот за коса може да се употреби и како пена за бричење.