Млада двојка од Америка сакала да направи промени во својот живот, но и нешто со што ќе влијае позитивно на општеството, па се преселиле во Кина со цел да основаат сиропиталиште. После извесна серија на околности и настани, Бен и Мишел имале прилика да ја пружат својата љубов и внимание на 26 бездомни сирачиња од провинцијата Хунан, заедно со нивните три биолошки деца.
Двојката се фокусира на тоа да успее да ги згрижи сите деца кои светот не ги забележува, и се едни од ретките луѓе дојдени од страна земја кои отвориле сиропиталиште во Кина.
„Иако е сиропиталиште, нашата цел е на овие деца да им пружиме чувство на топол дом“, вели Бен.
Иако видеото е релативно долго (трае 20-на минути), сепак, станува збор за фасцинантна приказна за несебичната љубов, сочувство и добрина кои оваа двојка се труди да им ја пружи на нивните 29 деца.