Водачите во Android OS телефонската технологија, иновативните HTC вчера на нивната новинарска конференција во Лондон ги најавија и презентираа најновите модели на мобилни телефони. Се работи за HTC Desire HD и HTC Desire Z.

Desire Z е сличен на G2 телефонот на T-Mobile, само што не е брендиран од нив. Со сопствен HTC Sense графички интерфејс, инсталиран врз Android 2.2, 5 мегапикселна камера, 800 мегахерци процесор и 512 мегабајти RAM, овој телефон можеби не е супериорен од хардверска гледна точка, но има нешто ново како надградба од страна на HTC. Тоа е QWERTY тастатура која се лизга под 3.7 инчниот екран, иако HTC се познати по дизајнирање на нивните уреди со екран на допир.
{youtube}KUeW6-HTtSU{/youtube}
{youtube}KUeW6-HTtSU{/youtube}
Desire HD пак е сличен на нивниот гигант, HTC EVO. Создаден од блок алуминиум со голем 4.3 инчен екран и 1 гигахерц Snapdragon процесор, Desire HD исто така има HTC Sense графички интерфејс, но овој пат инсталиран директно на Android 2.2 Froyo. Од другата страна се наоѓа камерата која го оправдува името на овој телефон – 8 мегапиксели и можност да снима 720p HD видео и dual LED блиц.
{youtube}GHO9A9Zf5g8{/youtube}