Иако има само две години и е висок 85 сантиметри, Титус е веќе познат меѓу љубителите на кошарката во Америка.
Во последните неколку месеци, таткото на Титус, Жозеф Ешби ја Јутуб „закачи“ забавно видео на кое неговиот син предизвика и некои холивудски ѕвезди.
Титус не само што знае да дава кошеви од седиштето на својот детски автомобил во движење, туку и од терасата на седмиот спрат, како и на полувреме на утакмица кога пред бројна публика погоди вистинки кош.
Малиот Титус не може ништо да го сопре и очигледно се одлучил да се забавува додека ги вежба своите трикови, а против неговиот талент ни филмските ѕвезди Чанинг Тејтум и Бредли Купер немаат никакви шанси.