Две златни арени за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

„Домаќинство за почетници” по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција, освои две златни арени на филмскиот фестивал во Пула, кој започна на 11 јули, а се затвора денес, со прикажување на победничките филмови.

„Домаќинство за почетници” беше дел од натпреварувачката програмата за малцински копродукции и ја освои златната арена за најдобра хрватска малцинска ко-продукција, а хрватскиот актер Владимир Тинтор доби златна арена за најдобра споредна машка улога за своето остварување во филмот.

„Домаќинство за почетници” е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, а меѓу останатите финансиери е и Хрватскиот аудиовизуелен центар, чија поддршка е реализирана преку хрватски ко-продуцент Кинорама од Загреб.

Златните арени се деветта и десетта награда за награда за Домаќинство, кој досега е прикажан на повеќе од 70 фестивали ширум светот, а е дистрибуриан во кината во Америка, Австралија, Холандија, Хрватска, Полска и Македонија.

Прочитајте и:  Трето издание на фестивалот „Крошна“

Светската премиера на “Домаќинство за почетници” се одржа во 2023 на филмскиот фестивал во Венеција, а македонската премиера беше на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмската камера, „Браќа Манаки“. Филмот беше избран за македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ за 2023 година, а беше дел и од селекцијата за Европските филмски награди, каде доби една номинација.

Дистрибутер на филмот на територија на САД е Focus Features, Universal Pictures е интернационален дистрибутер за останатите територии, а продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

„Домаќинство за почетници“ може да се погледне на 19ти и 20ти јули во Кинотеката на РСМ од 20:30ч.

- Реклама -