Две третини од Украинците сметаат дека Зеленски треба да остане на функцијата претседател

Две третини од Украинците сметаат дека Володимир Зеленски треба да остане претседател до крајот на вонредната состојба, покажуваат резултатите од истражувањето на Меѓународниот институт за социологија во Киев (КМИС), спроведено како дел од проектот „Мобилизирај“ на крајот на мај.

Во извештајот се наведува дека 70 отсто од испитаниците сметаат дека Зеленски треба да остане претседател до крајот на вонредната состојба, додека 22 отсто се изјасниле против.

„Во зависност од регионот на живеење, со ова се согласуваат 65-74 отсто од испитаниците, односно огромното мнозинство Украинци не го доведуваат во прашање легитимитетот на претседателот“, се наведува во извештајот, пренесува Укринформ.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување
- Реклама -