Две минути секс

Многу мажи мислат дека се тигри во кревет и дека секоја жена со која ќе го поминат една ноќ, ќе ги памети до крајот на животот. Д-р Хари Фиш, експерт во областа на сексот и автор на книгата The Ultimate Sex Education for Grown-Ups, не може да се согласи со ова тврдење.

Книгата на д-р Фиш е прирачник за сексуално образование за возрасни. Во своето истражување д-р Фиш ги побива резултатите од претходните истражувања, според кои просечен секс трае околу 7 минути. Според експертот 45% од мажите доживуваат оргазам во рамките на 2 минути по почетокот на половиот акт. Тоа време не е доволно за нивната партнерка, затоа што на жените им се потребни во  просек од 5 до 7 минути, за да доживеат оргазам.

Девојките на околу 20-годишна возраст имаат секс на секои два дена. Дамите помеѓу 30 и 50 години имаат секс два пати неделно, а жените над 50 година помалку од еднаш неделно. Според д-р Фиш квалитетот на сексот е поважен од неговото количество.

Тој тврди дека некои парови се задоволни од редовен и чест секс, додека други го преферираат квалитетот наместо квантитетот.

„Тоа е сосема нормално. Важно е луѓето да го прават она што им се допаѓа, на начин кој им се допаѓа. Прашањето не е во тоа колку секс имате, туку во тоа колку вие и вашиот партнер сте задоволни од сексот. Квалитетот секогаш победува. “, вели д-р Фиш.

- Реклама -