Две милијарди луѓе во светот јадат инсекти

Еден од најважните проблеми со кои ќе се соочи  човештвото е како ќе се нахрани по 2050 година, кога прехранбените резерви треба да се удвојат со цел   да не останат гладни  очекуваните 9 милијарди жители. Научниците почнаа да бараат нови начини за прехрана. Според многумина инсектите се добар извор на хранливи материи, иако во повеќето земји предизвикуваат одвратност, особено ако се послужени со ручекот.

Сепак, не може да се негира дека се издадени дури и неколку книги со рецепти на јадења со инсекти. Просечниот Европеец сеуште не ја прифаќа идејата дека може да го јаде она што му созадава страв, го гледа со одвратност, или едноставно не го забележува, но статистиката покажува дека речиси 2 милијарди луѓе на планетата се хранат со инсекти.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Овие јадења се најпопуларни во тропските региони. Во Јужна Африка се јадат црви,  во Јапонија дегустираат оси, а Мексико се прослави со традиционалното јадење од скакулци.

Инсектите имаат висока хранлива вредност и се богати со масти, протеини, витамини, влакна и минерали.

- Реклама -