Ксиао Јонгшенг е сопственик на мала плажа и традиционална кинеска куќа на островот Лингшан. Кога решил да го реновира својот дом, Ксиао решил да заштеди пари на скапи дизајнери и архитекти, но и материјал, и сам да си ја направи фасадата. Потрошил цели 2 години на собирање школки (на својата плажа), со кој го покрил секој сантиметар од неговата куќа со површина од 1.500 метри квадратни.
„Секогаш сакав школки, но никогаш не ми текнало да ги искористам, се додека едно утро не наидов на една многу необично обоена школка. Тогаш ми светна идејата“, вели 58-годишниот Кинез. Како што вели, сфатил дека живее до „неограничен извор на градежен материјал“, па решил да го употреби. Започнал да собира секакви школки – од 3 милиметри малечки, па се до џиновски школки што тежеле и до 4 килограми. Ги искористил низ целата куќа – за декорација, за фасадата, за покривот (наместо ќерамиди), за кваки, па дури и за декоративни мозаици. Едноставно, школките се насекаде.
„Не го направив ова за некој да ја претворам мојата куќа во изложба. Се што сакав е куќата да ја направам да биде прекрасна, за мене, лично“.
Моментално, Ксиао ја користи куќата како музеј посветен на историјата на островот и секојдневниот живот на локалните рибари. Сепак, школките привлекоа многу внимание, а куќата стана една од најпопуларните туристички атракции на островот.