Макрон и претставници на власта заедно со семејствата на загинатите во Париз од 2015 денес оддадоа почит на жртвите во терористичкиот напад.
Нападот се случи во концертната сала Батаклан и во истиот загинаа околу 130 луѓе.
Оттогаш во Франција се случуваа повеќе инциденти, некои со терористичка позадина, по што во државата е зголемено нивото на безбедност, како и готовноста за справување со слични ситуации.
Државата две години беше под вонредна состојба што резултираше со строг антитерористички закон, со што полицијата има поголеми овластувања да регира за секого за кој се сомнева дека има поврзаност со терористички групи.