Поминаа две години од трагичната смрт на актерот Пол Вокер. Неговите пријатели и колеги ја обележаа втората годишнина на социјалните мрежи.
Вин Дизел во знак на сеќавање на покојниот актер, објави фотографија со Вокер на Инстаграм, со пригодна порака.
–„ Без озглед на тоа каде си сега..ти секогаш ќе бидеш мој брат“.
Од друга страна, и Тајрес Гибосн ја одбележа годишнината од губењето на колегата Пол Вокер.
-„И уште е тешко, а поминаа две години. Изгубивме брат, а денес сеуште се обидувам да сфатам дека тоа навистина се случи. Со голема тага во срцето го пишувам ова..– напиша Тајерс на својот профил на Инстаграм.