Две девојчиња, близначки, се појавуваат на една од снимките од пожарите во околината на Атина. Нивниот татко се уште ги бара.
Софија и Василики исчезнале кога огнот се приближил до нив. Оттогаш нивниот татко е во очајна потрага по нив, а капка надеж му дала една снимка од брод во Рафина. Тој, наводно, ги препознал своите девојчиња.
Нив им се губи трага откако избегале од имотот на бабата и дедото во Мати. Полицијата го истражува случајот, но снимката не е доволно јасна за да се утврди идентитетот. Сепак, таткото е сигурен дека се тие.