Двајца кандидати за лидерска позиција во ВМРО-ДПМНЕ

Вкупно двајца членови од ВМРО-ДПМНЕ поднеле кандидатури до централниот комитет, за претседател на партијата.

Едниот од нив, очекувано, е генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски, а за неколку часа ќе се дознае и кој е вториот кандидат.

Претходно, повеќе членови чии имиња се споменуваа како фаворити за кандидати, изјавија дека нема да поднесат кандидатури. Меѓу нив се и Илија Димовски и Филип Петровски.

Во меѓувреме, Мицковски на својот фејсбук-профил потврдил дека поднел кандидатура.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок
- Реклама -