-Одам да ја удрам главата в ѕид, овој пат од среќа, рече Северина откако виде колкава гледаност има спотот за дуетот со Саша Матиќ „Море од тага“.
Видеото за дуетската балада ги собори рекордите. За само 4 дена има два милиони прегледи, и нема сомнеж дека таа бројка вртоглаво расте.
– Голем успех. Фала на мојата публика. Без вас тешко, воодушевено истакна пејачката.