Два месеци по свадбата почина сопругот на Гога Секулиќ

Сопругот на српската пејачка Гога Секулиќ почина вчера вечер по кратко боледување од рак, објави Alo.rs.

Според неофицијални информации, Игор Рамовиќ неодамна дознал дека боледува од рак. Лекувањето го започнал веднаш и бил на терапии во Германија, но сепак не успеал да ја победи болеста.

Гога ги поминала последните часови со него.

„Вистина е, го изгубив Игор“, кратко рекла Гога за Alo.rs.

goga

„На Игор пред неколку недели му се слоши првпат и тогаш му беше дијагностициран рак. Одеше и во Германија на терапии затоа што сакавме најдобро лекување и до вчера беше добро, но, за жал ја изгуби битката“, рекол неговиот татко Зоран Рамовиќ.

Бизнисменот и Гога правеа свадба пред два месеци во хотелот Хајат во Белград.

- Реклама -