Потенцијалниот нов љубовен пар се најбогатиот човек во Австралија, Џејмс Пакер и светски познатата манекенка Миранда Кер.
Се шпекулира дека најбогатиот човек во Австралија, Џејмс Паркер и светски познатиот модел Миранда Кер се во љубовна врска. Пред само три месеци Пакер и неговата жена Ерика Бакстер објавиле дека се разведуваат по 6 години брак. Во октомври годинава 30-годишната убавица Миранда Кер објавила дека се разведуваат со познатиот актер Орландо Блум по само 3 години брак.
Целата ситуација е малку сомнителна дека и двата пара се долгогодишни пријатели и минатата година сите заедно уживале на луксузен одмот на Тахити.
Џејмс Пакер одсекогаш „паѓал“ на ист тип на жени. Во негова предгратка се нашле манекенките Џенифер Флавин, поранешната вереница кејт Фишер и неговата прва жена Џоди Маерс- сите убави бринети.
Ова е сеуште само шпекулирање па очекуваме и официјална потврда, но случајноста е премногу голема и можно е Пакер да се заљубил во уште една бринета.