„Дејгиди прадедовци, правнуци. Нѐ имало и ќе нѐ има. Горди и чесни. Да ги обновиме спомените, да создадеме нови, за идните генерации“, повикува оперскиот пејач Игор Дурловски во кампањата „#ЛетувајтеВоМакедонија“ на ВМРО-ДПМНЕ.
„Секој од вас може да помогне. Се прашувате како? Летувајте во Македонија, на планина или езеро. А Македонија со својата природа и своето културно и природно богатство има што да понуди.
Убеден сум дека покрај тоа што ќе ја истражите и ќе уживате во Македонија, така му помагате и на стопанството, придонесувате луѓето да си ги задржат своите работни места, а едно сочувано работно место е заедничка победа, а победите се повеќе среќа, подобра заедничка иднина“, рече Мицкоски пред околу една недела, претставувајќи ја кампањата.
„Извори кои не повикуваат да се вратиме назад. Мудроста е на наша страна, историјата исто така. Една грутка земја која вреди повеќе од цело богатство, затоа што е исполнета со вечност, со сонце, со верба, со традиција. Нешто што природно ти припаѓа, никој не може да ти го одземе. Сакај го домот свој, својата татковина, зашто таа како твојата мајка безрезервно те сака“, порачува Дурловски, кој е носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5.