На рочиштето во Кривичниот суд во Скопје, судијката Добрила Кацарска ги изрече пресудите за упадот во Собранието од 27 април 2017-та година. Обвинетиот Игор Дурловски е ослободен од обвинението, бидејќи Обвинителството не успеало да докаже вина.
Прогласени за виновни за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ се:
Митко Чавков – осуден на 18 години затвор,
Душко Лазаров – 15 години затвор,
Горан Ѓошевски-Леви – 15 години,
Митко Пешов – 15 години затвор,
Оливер Поповски – 13 години,
Мунир Пепиќ – 15 години,
Абдуљфета Алими – 7 години,
Оливер Радулов – 10 години,
Јане Ченто – 15 години,
Игор Југ – 12 години,
Александар Василевски-Нинџа – 8 години,
Никола Митревски-Кољо – 15 години,
Младен Додевски – 12 години,
Горанче Ангеловски – 12 години,
Влатко Трајковски – 15 години
и Вилијам Михајловски – 14 години.