Дурловски низ солзи: Слободата е ропство, а среќата тага (ВИДЕО)

Игор Дурловски не побара амнестија и реши на суд да ја докажува својата невиност. Денеска тој беше единствениот што од Кривичниот суд доби ослободителна пресуда во случајот за 27 април. Пред судот беше емотивно пречекан со прегратки од блиските, но и од своите „соборци“ од „За заедничка Македонија“ – Борис Дамовски и Богдан Илиевски (Бетмен).

Набрзо потоа, Дурловски на Фејсбук го објави проектот „Длаборез“, со кој им се заблагодари на оние што му изразиле поддршка во најтешкото.

„Кога слободата е ропство а среќата тага!

Мелем на душа сте ми, сите #вие што со мисла, збор, присуство бевте со мене во најтешкото.
Благодарам на дел од блиските што станаа далечни.

#Длаборез е проект кој со солзи ја гали татковината, а од срце ви го поклонувам“, напиша Дурловски под видеотоЧ

- Реклама -