Дурент доминантен за победа над Сан Антонио

Оклахома сити ги искористи двете средби на домашен терен за да се врати во финалната серија од Западната конференција против Сан Антонио Спарс, откако на синоќешниот натпревар славеше со 109:103 и израмни на 2:2 во победи во пресрет на клучните дуели во ова финале.

Кевин Дурент уште еднаш покажа зошто е толку значаен за играта на Оклахома сити, откако целосно ја превзеде одговорноста и му ја донесе на својот тим големата победа. Сан Антонио се врати од негатива од 16 поени и се приближи на „минус четири“ кон средината на последната четвртина, но тогаш Дурент ги презеде работите во свои раце, постигна 16 поени во низа за својот тим и не му дозволи на противникот да направи целосен резултатски пресврт.

„Претходно не инсистирав премногу на шут бидејќи начинот на којшто игравме функционираше добро и имавме предност. Сепак, кога Сан Антонио почна да се приближува, логично беше повеќе да ја барам топката. Згора на тоа, добрата игра на соиграчите ми отвори поголем простор што знаев како да го искористам“ – изјави Дурент.

{youtube}JdOeHpiQBH0{/youtube}

Токму Дурент со 36 поени беше најпрецизен во редовите на Оклахома сити на овој натпревар, а со одлична игра се истакна и Серж Ибака, кој реализираше рекордни за него 26 поени. Со тоа, беше надополнето слабото издание на Расел Вестбрук, кој постигна само седум поени за својот тим на овој меч.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -