Двократниот олимписки шампион во скок со стап Арманд Дуплантис ја рекреираше виралната фотографија на турскиот стрелец Јусуф Дикеч.
Откако Швеѓанецот синоќа постави нов светски рекорд, со левата рака во џеб застана во позиција од која Дикеч стрелаше на олимпискиот турнир.
Шведскиот атлетичар го одбрани златниот медал соборувајќи го сопствениот светски рекорд, прескокнувајќи 6 метри и 25 сантиметри.
Дуплантис ја почна серијата на височина од 5.95 метри, по што повторно веќе во првиот обид прескокна 6.0 и 6.10 метри. Потоа ја подигна летвичката на 6.25 метри во обид да го собори неговиот светски рекорд од 6.24 метри, што и му успеа во третиот обид.
HE DID IT!
ARMAND MONDO DUPLANTIS just cleared 6.25m!
– New Olympic Record
– New World Record
– New Personal Best Record
– New Season’s Best RecordCONGRATULATIONS, DUPLANTIS. GOAT.
2X OLYMPIC GOLD MEDALIST pic.twitter.com/ehMuq5HXd6
— ً ً (@washedszns) August 5, 2024
На ОИ во Париз, среброто во скок со стап го освои Американецот Сем Кендрикс со скок од 5.95 метри, а бронзен беше Гркот Емануил Каралис прескокнувајќи 5.90 метри.