Под Националниот Музеј на Корвета во Кентаки, се отвори дупка во која пропаднаа 8 ретки автомобили. Дупката, резултат на подземни пештери, е 12 метри широка и најмалку 6 метри длабока. За среќа, немало повредени, а останатиот дел од музејот останува отворен.
Сепак, меѓу автомобилите има навистина вредни модели: 1993 ZR-1 Spyder, 2009 ZR1 “Blue Devil”, црна Корвета од 1962, 2001 Mallett Hammer Z06 Corvette, како и јубилејни примероци од 40-годишнината на моделот и 1.5-милионитата произведена Корвета.