Dunlop развива гума на иднината

Еден од најстарите производители во автомобилската индустрија, компанијата Dunlop, развива автомобилска гума на иднината. Таа ќе може да го менува својот изглед и својства за време на движењето.

Оваа технологија ќе биде искористена во прво време за тркачкитe автомобили, a нејзината главна задача е да им овозможи на пилотите да не влегуваат во боксот за промена на гуми. Новата гума ќе може целосно самостојно да се прилагодува кон стилот на управување на натпреварувачот, кон временските услови и кон застапеноста на патеката.

За производство на својот нов производ во Dunlop развиваат специјален материјал, во чија основа е полимерен гел, помешан со материи кои реагираат на електрични импулси. На овој начин гумата ќе биде управувана по електронски пат и ќе може да ја менува својата широчина, височина на профилот и видот на шарите. Така на пример, ако за време на трка падне дожд, на неа ќе се појават канали за одвод на водата и на натпреварувачот нема да му се наметнува да влегува во боксот  за да постави специјални гуми за дожд. Покрај тоа гумата ќе има можност да се обновува сама, бидејќи ќе има неколку слоеви, кои ќе се менуваат во зависност од абењето.

Идејата на инженерите од Dunlop не е само да се заштеди време, за да се избегне влегување во пит-стоп. Во компанијата сметаат дека за иднина целиот светски транспорт ќе користи електрична енергија за напојување. Тоа ќе влијае и на употребата на пневматици, па ваквиот вид гуми ќе биде добредојден?!

- Реклама -