И славната мисица Дунавка Трифуновска се сретна денеска со Папата Франциск во Скопје… може да се рече. Откако успеа да се пробие меѓу толпата кај спомен-куќата на Мајка Тереза и конечно да му се доближи, се обиде на сите начини да му го привлече вниманието. Кога тоа ѝ успеа, таа му го сврте грбот, за да направи селфи, секако.
Изгледа баш и не се намести убаво, па се обиде уште еднаш, но овојпат Папата ѝ го беше свртел грбот (верувала таа или не, има и други луѓе освен неа). Во очај, таа го потапка Понтифот по рамото во надеж дека ќе ги батали луѓето со кои зборуваше и ќе се сврти за да ѝ позира за поквалитетно селфи за на социјалните мрежи. Овојпат, меѓутоа, со внимание ја „почести“ само обезбедувањето на Папата. Видеото погледнете го на „Репортер.мк“.