Дуњата во служба на здравјето

 

dunja3

Вистинско време е да уживате во варена или во печена дуња. Плодот на дуњата изобилува со витамини и минерали, особено со витаминот Ц, витамините Б1 и Б2, содржи ниацин, каротен, калциум, магнезиум, калиум, цинк, железо, манган, натриум, хлор и сумпор. Исто така, содржи протеини, диетални влакна, јаглено хидрати и малку масти. Кога купувате, одберете ги плодовите на дуњата што не се многу меки.

ДУЊАТА ЈА ЛЕКУВА АНЕМИЈАТА

Најважната состојка на овоа лековито овошје е витаминот Ц, кој има клучна улога во физичкото и за менталното здравје. Витаминот Ц е силен антиоксиданс и не им дозволува на незаситените масни киселини да создаваат слободни радикали. Дуњата содржи доста пектини што поволно делуваат на крвниот систем и помага при снижување на крвниот притисок, воедно е заштита од радиоактивното зрачење.

Ова благотворно овошје го подобрува варењето, ја лекува анемијата и се користи како додаток во козметичките препарати. Варениот плод на дуњата се користи против воспалување на желудочната и на цревната слузокожа. Дуњата се употребува и за лекување на слузокожата на грлото, крајниците дишните патишта како и за ублажување на дијареата. Се препорачува да се јаде на празен желудник.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

СЕМКИТЕ И ЛИСТОВИТЕ ОД ДУЊАТА

dunja4

Освен плодот, лековити својства имаат и семките и листовите на дуњата. Семките го содржат амигдалинот или витаминот Б17, што има антиканцерогено дејство. Исто така, семките обилуваат со танин, пектин, шеќери, јаболчната киселина, емулзин и протид.

Чајот од семките на  дуњата ја лекува несоницата, ја ублажува напнатоста и ја отклонува непријатната миризба од устата, додека слузта од семките ги лекува изгорениците и раните. Неколку семки од дуња потопени во вода, многу бргу ќе оформат слузеста течност што е добар народен лек против кашкицата и воспаление на дишните органи.

dubja1

Чајот од листовите на дуњата е одличен природен лек за запирање на дијареата. Подгответе го чајот на тој начин што неколку исушени листови од  дуњата ќе се прелијат со половина литар зовриена вода. Оставете да отстои 30 минути, па процедете. Чајот козумирајте го топол.

- Реклама -