Камерниот оркестар на Македонската Филхармони вчеравечер имаше успешен настап во салата “Меркин” во Кауфман центарот во Њујорк.
По синоќешниот настап во реномираниот музички центар „Kауфман“, композиторот Дуке Бојаџиев и гостите Kаролина Гочева, Александар Петров и Васко Дуковски, заедно со оркестарот од Скопје, ќе настапат во престижниот Kарнеги хол во Њујорк.
Концертот кој му претходи на настапот на оркестарот со Дуке Бојаџиев во Карнеги хол, претставува значаен настан за Македонската култура бидејќи е прво претставување на голем ансамбл во центарот на културата во САД.
Под диригентската палка на Борјан Цанев оркестарот изведе дела од Гоце Коларовски и Бела Барток, а заедно со виртуозниот солист на кларинет Исмаил Лумановски беше изведен Концертот за кларинет и гудачки оркестар од младиот турски композитор Хасан Тура.
На концертот присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Вечерва со проектот на Дуке Бојаџиев “Сон, верба, љубов” заедно авторот и неговите гости, камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе настапи во престижниот Карнеги хол со што ќе ги заокружи настапите во Њујорк.