ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ не одлучува која албанска партија е достојна за владејачко партнерство

„Жедна за власт, ВМРО-ДПМНЕ континуирано го оспорува меѓуетничкиот соживот и толеранција, предизвикувајќи збунетост во мислењето дека токму оваа партија може да одлучи која албанска партија е достојна за владејачко партнерство“, велат од ДУИ, цитирајќи го потпретседателот на најголемата опозициска партија, Александар Николовски, кој во изјава за медиумите рече дека „Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по изборите е невозможна“.

„Ги информираме ВМРО и неговите деривати во албанската опозиција дека граѓаните се главните партнери на Демократската унија за интеграција, а граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе ја води Владата во следниот мандат.

Во отсуство на понуда за подобар живот на сите граѓани и во страв од длабоката победа на идниот претседател Бујар Османи и на Европскиот фронт, ВМРО и албанската опозиција продолжуваат со валканиот изборен речник, сакајќи да ја минимизираат секоја промена што и се случи на државата и на граѓаните“, порачуваат од ДУИ.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

Според нив, нивниот Европски фронт е сериозна коалиција со голема одговорност чија основна задача е да го трасира европскиот пат на државата и, како што велат, „да не игра игри со зборови“ кои од политички причини ја доведуваат во прашање иднината на државата и нејзините граѓани.

„Истовремено, апелираме до македонската и албанската опозиција, ДУИ на 8-ми мај да биде во позиција да го избере партнерот во власта, а не ВМРО, бидејќи Европскиот фронт ќе надмине +20 пратеници“, додаваат од партијата.

- Реклама -