„Владата на Република Северна Македонија е легитимна, демократски избрана, стабилна, и е во сигурни раце, под раководство на Европско ориентирани партии.
Исто така и нашата држава е во сигурни раце и на прав пат, кон полноправно членство во Европската Унија и во стратешко партерство со Соединетите Американски Држави“, велат од ДУИ како одговор на реакциите од ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада и Талат Џафери како технички премиер.
„Денешните пропагандистички и панични реакции на нашиот помал партнер ВМРО-ДПМНЕ служат само за за поттикнување на забуни и се во функција на нивната кампања на сеење страв преку лажни вести.
Недржавничкото постапување во Собранието на опозоцијата докажа дека ВМРО-ДПМНЕ не ги почитува ниту граѓаните, ниту законите, ниту уставот“, велат од ДУИ.