ДУИ најостро го осудува „насилството што го извршија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и АА“, уверува дека Собранието „ќе продолжи да функционира во прозападен евро-американски дух“

ДУИ најостро го осудува насилството што денес на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието „го извршија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратениците на Алијансата за Албанците“, се вели во реакцијата на „интегративците“ по повод инцидентот во кој претседателот на комисијата – Арбер Адеми, гаѓаше опозициски пратеници со шолја за кафе.

Слично како и СДСМ, и од ДУИ потенцираат дека „секогаш кога тема на расправа и на дневен ред во Собранието е воспоставувањето правда во државата, ВМРО ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство со цел да го заштитат криминалот и секогаш се појавуваат против правилното функционирање на правосудниот систем“.

Како што велат од ДУИ, денес на седницата на Комисијата за европски прашања уште еднаш се докажало дека „ВМРО ДПМНЕ и другите опозициски партии употребуваат насилство“ за да ја блокираат работата на Комисијата. Од ДУИ потенцираат дека се работи токму за пратеници кои се под истрага и дека тие го поттикнале инцидентот и ја прекинаа седницата.

Прочитајте и:  Даути: Законот за бранители не може да биде ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика, нема деловнички можности

„Демократската Унија за Интеграција ги информира граѓаните и пошироката јавност дека Собранието ќе продолжи да функционира во прозападен евро-американски дух и ќе ја поддржи реализацијата на реформската агенда во партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија“, се додава во реакцијата, во која, како и во таа на СДСМ, воопшто не се споменува Арбер Адеми и неговото недозволиво однесување, макар било и одговор на „насилството од пратениците од опозицијата“.

- Реклама -