На натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Порто и ПСЖ (1:0) одигран на 3. октомври, фотографот на „Асошиејтед Прес“, Пауло Дуарте, наводно фотографирал дух на трибините.
По постигнатиот гол во 83. минута, Колумбиецот Родригез истрча кон трибините, а меѓу радосните навивачи на Порто на фотографијата на Дуарте се забележува силуета на човек кој како да е од далечното минато.
Од „Асошиејтед Прес“ тврдат дека фотографијата воопшто не е менувана и може да се види на официјалната страница на агенцијата.
Според тврдењата на експертите силуетата е премногу јасна за да биде некаква игра на светлината. Којзнае? Некои веруваат во ова некои не… Како и да е, агенцијата „АП“ добро се изрекламира со оваа фотографија.