Дуел во најава – Балотели против Горан Попов

Горан Попов е нов играч на Стоук Сити, а англиските медиуми го претставија преку дуелот што го имаше со Марио Балотели во рамките на Лигата на Европа, кога Италијанецот беше исклучен поради груб старт над македонскиот интернационалец.

Оттаму, Британците сметаат дека Балотели сега му е должник на Попов, па треба да внимава при дуелите меѓу Манчестер Сити и Стоук во новата сезона.

Балотели е мегаѕвезда во Манчестер и една од најголемите ѕвезди на Премиер лигата, па од таа страна ваквото претставување и не е лошо за Горан Попов од маркетиншки агол.

Попов во наредните 12 месеци ќе настапува за Стоук како позајмен фудбалер од редовите на Динамо Киев, откако дојде на барање на менаџерот Тони Пјулис и се очекува да биде стандарден на левата бековска позиција.

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити

Сепак, македонскиот репрезентативец ќе треба напорно да работи за да се докаже, со оглед на тоа што англискиот шампионат е навистина еден од најквалитетните во Европа и во светот.

- Реклама -