Дуда: Проектилот „најверојатно“ бил произведен во Русија

Полска не знае кој го истрелал проектилот што предизвика експлозија во Пржеводов во близина на границата со Украина, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда во обраќање до јавноста доцна во вторникот.

Во однос на потеклото на проектилот, Дуда рече дека „најверојатно бил произведен во Русија“, иако претходно полското МНР, сосем категорично, соопшти дека проектилот бил „од руско производство“.

„Работиме смирено и во многу смирен манир“, рече Дуда во обраќањето од Бирото за национална безбедност во Варшава. Тој повика на смиреност и кај граѓаните, уверувајќи ги дека Полска ја има поддршката од сојузниците во НАТО.

Дуда, воедно, информираше и дека САД испраќаат експерти, како дел од заедничката операција со Полска, да го истражат местото на настанот.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Полскиот претседател потсети и дека Полска, по експлозијата, го подигна нивото на готовност на армијата.

Извор: CNN

- Реклама -