Дуда „ја подготвува“ Полска за нови инциденти како оној кај Пржеводов

Полска мора да биде подготвена за повеќе инциденти поврзани со руската војна во Украина, предупреди денеска полскиот претседател Анджеј Дуда, цитира ДПА.

„За жал, мораме да бидеме подготвени за уште такви инциденти на нашата граница“, рече полскиот претседател, мислејќи на ракетата што неделава падна на полска територија.

Дуда беше категоричен дека Полска ќе направи сѐ за да спречи повторување на тоа што се случи, иако, како што потенцираат полските медиуми, и во инцидентот кај Пржеводов не беше можно полската противвоздушна одбрана да реагира (како што објаснија некои експерти, поради блискоста до границата, временскиот интервал бил прекраток за да може да се собори проектилот).

Тоа го посочи и Дуда. Ниту една земја во светот нема таков одбранбен систем што може да ја заштити целата нејзина територија, особено толку блиску до границата, ако нема стратешки, критични објекти кои се специјално чувани, изјави полскиот претседател.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Извор: МИА

- Реклама -