Дубаи ќе дели злато на патниците во градските автобуси

По повод прославата на Денот на јавниот превоз, властите во Дубаи подготвија вредни награди за оние кои често ги користат градските автобуси.

Управата на јавниот превоз во емиратите најави дека ќе подари вкупно 4 килограми злато во текот на прославата закажана на 1 ноември.

„Акцијата, во која наградите ќе се доделуваат со влечење на сламки и на други забавни начини, ќе трае околу 7 дена“, пишува Gulf News. Покрај златото, властите ќе доделат и други вредни награди, во вкупна вредност од 272.000 долари. Се разбира, условот за учество е да купите патна карта за некоја од градските линии.

Во Дубаи, секое семејство поседува, во просек, по 2.3 автомобили, па не е воопшто чудно што само 13 проценти од жителите користат јавен превоз.

Прочитајте и:  Скопје со редуциран јавен превоз, партиите со предлози и барање за оставка на градоначалничката Арсовска

rta+dubai+(3)[1]

- Реклама -