McLaren претстави на салонот во Дубаи специјална верзија на својот Cabrio 650 Spider, наменет за пазарите во Блискиот Исток.
Модификацијата е подготвена од одделот за персонализација McLaren Special Operations (MSO), а го носи името 650S Spider Al Sahara 79. Таа се одликува најмногу по својата специјална бисерна боја, за чиј сјај е употребено 24-каратно злато. Програмерите на автомобилот тврдат дека за креацијата биле инспирирани од златниот пустински песок кој е неизбежен дел од пејзажот на Блискиот Исток. Машината добила дополнителен пакет додатоци MSO, меѓу кои се карбонски аеродинамични елементи, специјални седишта и ексклузивни златни предмети во внатрешноста.
Моторот е стандарден за моделот – 3,8-литарски Твин-турбо V8, развива 650 КЅ и 678 Nm. Тој овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 3 секунди и постигнување на максимална брзина од 329 km/h. Модификација 650S Spider Al Sahara 79 е проценета од McLaren на 396.538 долари (370.233 евра). За споредба стандардниот Кабрио чини 286.900 долари.
Автоплус