ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекицски надзор за починатото новороденче од сепса

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Болницата во Прилеп во врска со смртта на новороденчето кое почина од сепса, потврди денеска во изјава за новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити.

Бебето било родено во болницата во Прилеп, а потоа префрлено на Детската клиника во Скопје, каде по една недела починало.

„Веднаш денеска иницирав како министер во Министерството, ќе оди Државен санитарен инспекторат и ќе има и стручна комисија. Нема отсега натаму веќе да има сомненија за ниту еден случај, сè ќе решиме до крај како што треба“, изјави Меџити во одговор на новинарско прашање при посетата на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, каде промовираше нови сензори за мерење гликемија.

Прочитајте и:  ДСЗИ парично ја казнува Детска клиника поради недостатоци во работата

Во врска со скандалот со Онкологија, Меџити повторно го повика Обвинителството дека „е крајно време веќе да излезат со име и со презиме“ на оние кои биле одговорни за аферата со цитостатици.

„Нема да дозволиме да се оцрни белиот мантил повеќе, и тие излегоа со соопштение да не го користиме за политички цели. Јас не сум политичар, јаз сум доктор, и јас сум човек, пред сè, и јас сум министер за здравство и затоа ќе барам отчет од сите институции. Го повикувам Обвинителството да излезе конкретно со име и со презиме. Мислам дека веќе е крајно време, предолго трае овој процес“, рече Меџити.

Извор: МИА

- Реклама -