Францускиот премиум-бренд DS, кој веќе доби самостојност по одвојувањето од Citroen, ќе располага со асортиман од шест модели. Тоа треба да се случи до крајот деценијата, тврди весникот Automobille.
Во моментов DS има само 3 глобални производи, а сите тие се хечбеци – DS3, DS4 и DS5. Специјално за Кина беа создадени DS 5LS и кросоверот DS 6WR, кои сепак нема да бидат дел од оваа бројка, бидејќи ќе се нудат само на најголемиот автомобилски пазар на планетава. Веќе е познато дека претстои лансирање на теренецот DS4 CS, што најверојатно го видиме кон средината наредната година. Малку подоцна тој ќе биде проследен со уште еден модел, во чија основа ќе биде прикажаниот на салонот во Париз оваа есен, концептот Divine DS. Што се однесува до последниот модел, најверојатно тоа ќе биде луксузен седан или лифтбек, кој ќе стане предводник на брендот. Се очекува тој да биде во стилот на друг концепт – DS9, кој беше прикажан уште во 2012 година.
Предвидено е следната година, сите модели DS да се без амблемот на Citroen. На овој начин ќе биде истакната разликата меѓу двете марки, кои веќе се водени од различни луѓе. Шеф на Citroen е Линда Џексон, а на DS, Иф Бонфон. Двајцата заедно со извршниот директор на Peugeot Максим Пика се потчинети на првиот човек на PSA Peugeot Citroen – Карлос Таварес.