ДС: ДУИ поттикнува етнонационализам со цел дестабилизација и спречување на институциите во откривање на криминал во кој се вклучени нивни кадри

Демократски сојуз најостро го осудува палењето и кинењето знамиња на Македонија, на прославата на Денот на Албанското знаме и бара продлабочена истрага и одговорност од директните учесници и од поттикнувачите на овие антидржавни и антимакедонски активности.

ДУИ подолго време преку дезинформации за наводна незастапеност на Албанците во власта, укинување на балансерот за кој тие се залагаа, за наводна загрозеност на употребата на албанскиот јазик, етничко чистење на институциите итн., поттикнува етно-национализам насочен кон дестабилизација и блокирање на институциите да  работат на откривање и документирање на криминалот во кој се вклучени и нивни кадри.

Демократски сојуз бара многу поорганизиран и неселективен пристап во борбата против тешките облици на криминал кои ги блокираат реформите, владеење на правото и развојот на државата.

Прочитајте и:  Костовски: Безбедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев

Овие настани ја детерминираат и потребата од брзи реформи на судскиот систем и кадровското екипирање на виталните државни институции.

Овие националистички испади со палења на знамиња и пукање по плоштадите и улиците ги загрозува и евроинтеграциите на Македонија.

Демократски сојуз

- Реклама -