Претседателот на Киевскиот Центар за Екологија и Култура му се обратил на претседателот Виктор Јанукович преку отворено писмо. Во писмото тој бара од претседателот Украина да започне да им дава државјанства на црноморските делфини.
Претседателот на Киевскиот Центар за Екологија и Култура му се обратил на претседателот Виктор Јанукович преку отворено писмо. Во писмото тој бара од претседателот Украина да започне да им дава државјанства на црноморските делфини.
Во писмото, објавено на вебсајтот на организацијата, пишува дека „граѓанските права на делфините мора да бидат почитувани од украинскиот устав и мора да бидат направени соодветни амандмани на уставот и украинските закони“. Активистите исто така велат дека законите мора да им овозможат на делфините да учествуваат во судски процеси преку посредство на старатели кои ќе ги штитат нивните права. Организациите за заштита на животната средина биле предложени како старатели за граѓаните-животни.
Екологистот исто така додал дека според најновото истражување делфините се вторите најинтелегентни суштества на планетава, веднаш по луѓето. Тој вели дека потегот на доделување државјанства на морските цицачи ќе биде добар пример и за останатите нации.
Во Црното Море, во близината на украинското крајбрежје, живеат три видови на делфини. Во 2010 година, Државната Еколошка Инспекција на Украина извршила инспекција на многу морски паркови и откриле дека многу често делфините биле лошо третирани, а во одредени случаи сопствениците дури ги немале ни потребните документи за правото да чуваат и тренираат делфини.