Дизајниранa од Parsonson Architects, куќата Shoal Bay Bach е „осамено живеалиште“ лоцирано на брегот на Хајкс Беј, Нов Зеланд.
Едноставната и рустикална градба се вклопува во селската околина далеку од градскиот метеж. Ова е место во кое слободно може да се шетате боси и надвор и внатре од домот и да се чувствувате релаксирано и опуштено.
Оваа неодолива куќа е направена од дрво, а прозорите од подот до плафонот овозможуваат природна светлина во текот на целиот ден.